Креативно ателје
Основано во 2000 година од страна на уметникот Боре Минов, под името Галерија Пинокио, ателје Колорис АМ постои веќе 25 години. Се наоѓаме во срцето на градот под Исарот и се обидуваме да ја зачуваме автентичната моќ на уметноста во градот. Преку нашата електронска продавница ќе ја имаме можноста да допреме до секој кој го интересира уметноста. Нашето ателје нуди продажба на уметнички слики од различни уметници. Исто така, организираме курсеви за цртање и сликање наменети за деца и возрасни. Горди сме што сме домаќини на бројни уметнички изложби, каде што нашите курсисти од сите возрасти ги претставуваат своите креации.
Дополнително, нудиме висококвалитетни рамки и нудиме професионално врамување на уметнички дела. Колорис АМ е уметничко ателје, специјализирано за уникатна, оригинална уметност и дизајн. Ги оживуваме боите и изразот преку внимателно изработени дела, комбинирајќи иновација со уметничка извонредност. Без разлика дали барате оригинални уметнички дела, прилагодени дизајни или инспиративни визуелни решенија, Колорис АМ е вашата дестинација за креативност.
сликарски работилници