Услови за користење

Услови за користење
 
Пред да започнете со користење на нашите услуги, ве молиме внимателно да ги прочитате вашите права и обврски како потрошувач при користењето на нашите услуги. Со користење на нашата веб-страница и услуги, се подразбира дека сте ги прочитале овие услови за користење и дека се во целост согласни со истите. Доколку условите не ви се прифатливи, ве молиме да не ја користите оваа апликација.
 
Информациите и материјалите на оваа веб-страница се исклучиво за информативни цели и можат да се користат само за добивање информации и за купување на kolorisam.com. Не смеете да ги користите, репродуцирате, печатите или дистрибуирате овие содржини за други намени.
 
Купување
 
Ако сте одлучиле да купите одредено уметничко дело, кликнете на копчето за купување, пополнете го формуларот со вашите податоци и следете ги понатамошните инструкции. По извршената нарачка, ќе добиете потврда за достапноста на порачката, и потврда за извршената нарачка. Доставата се врши преку курирска служба, а плаќањето се врши при превземање на нарачката.
Цените на уметничките дела на kolorisam.com се наведени во денари.
Ви стоиме на располагање за дополнителни информации.
 
Порачка
 
Сите производи прикажани на kolorisam.com можат да се нарачаат преку интернет 24/7.
 
Клиентите во Македонија можат брзо и лесно да ги нарачаат своите дела преку е-пошта на koloris.am@gmail.com.
 
kolorisam.com го задржува правото да ја откаже нарачката во рок од 48 часа по регистрирањето на нарачката ако процени дека не може да ги исполни роковите за испорака по објективни причини. Можни се отстапки во боите на сликите поради различни параметри на вашите уреди (компјутери или мобилни телефони).
 
Галеријата го задржува правото да одбие нарачка од клиент со сомнителна историја на нарачки.
 
Начини на плаќање
 
Постојат два методи на плаќање. По извршената нарачка, ќе добиете потврда за достапноста на порачката и потврда за направената нарачка. Плаќањето се врши при превземање на нарачката, на самиот курир.

Постои можност за купување на рати, зависно од сумата и количината на нарачката, но само доколку плаќањето се врши лично во галеријата Колорис АМ во Штип. Плаќањето се договара со секој клиент.

Ако сакате да платите лично по извршување на нарачката, можете да го направите тоа во нашата галерија по претходно договорена е-пошта или телефонски. Исто така можете да ги посетите нашите простории и да изберете уметничко дело на лице место.

Начин на достава
 
Купеното уметничко дело преку kolorisam.com може да се достави на која било адреса во Македонија преку курирска служба или лично од галеријата.
 
Доколку се одлучите за курирска услуга, испораката ќе биде направена во работни денови од понеделник до петок од 08-16 часот. Рокот на испорака започнува следниот ден од нарачката и обично трае од 3 до 5 дена. Пакетите не се доставуваат за време на викендите.
 
Достава надвор од државата
 
Уметничките дела купени преку kolorisam.com можат да бидат доставени и надвор од Македонија преку курирски служби како DHL, FedEx, UPS и други, по договор со клиентот. Трошоците за испорака се наплатуваат согласно важечкиот ценовник на избраната курирска услуга и ги плаќа купувачот.
 
Доколку имате дополнителни прашања, можете да ги доставите на e-mail: koloris.am@gmail.com