Македонскиот сликар Драган Гелев донираше дело за хуманитарна изложба по трагичниот пожар во Кочани

Драган Гелев, македонски сликар кој живее и твори во Базел, Швајцарија, несебично донираше едно од своите уметнички дела за хуманитарна изложба наменета за жртвите од трагичниот пожар што го зафати Кочани на 16 март 2025 година.

Несреќата се случи за време на концерт на популарната група ДНК, кога избувна пожар што однесе 62 животи, а над 190 лица сè уште се борат со последиците од здобиените повреди.

Делото на Гелев беше продадено на изложбата, а целосниот приход беше дониран на жртвите и нивните семејства. Со овој гест, Гелев ја покажа својата солидарност и длабока човечност, потсетувајќи дека уметноста има сила не само да инспирира, туку и да помогне во најтешките моменти.

Хуманитарната изложба беше организирана со цел да се соберат средства за поддршка на погодените, и претставува пример за тоа како уметничката заедница може да биде движечка сила во време на криза.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *